Радосната вест за Христовото Рождество низ улиците на Крушево
Крушево, 6 јануари 2025 – Традиционалната бадникова поворка ќе се одржи и оваа година, носејќи ја радосната вест за Христовото Рождество низ улиците на Крушево. Настанот ќе започне во 10:30 часот од Храмот „Свети Никола“, каде што ќе се соберат учесниците – деца, верници и жители на градот.
Поворката ќе се упати кон Митрополијата каде што ќе ги прими и дарува Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, потоа преку чаршијата, по главната улица до Храм Успение на Пресвета Богородица – Крушево
Во рамки на прославата, поворката ќе се упати кон Општината, каде што Градоначалникот на Крушево ќе ги пречека и ќе ги дарува дечињата, изразувајќи поддршка за зачувување на вековните традиции.
Настанот ќе заврши со враќање во Храмот „Свети Никола“, каде свечено ќе биде објавено Христовото Рождество.
Фото – Храм „Свети Никола“ – Крушево