|

ЕР ТРАКТОРИТЕ ПОЛЕТАА КОН СЕРТА

Пожарот на планината Серта од утринава се гаси од земја и од воздух. Во гаснењето, покрај пожарникарите од локалните територијални противпожарни единици, вклучени се и стотина припадници на Армијата, 30 полицајци, ловџии, шумски работници, а интервенираат и полициски и два армиски хеликоптери. 

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велатдека во гаснењето на пожарот на планината Серта наскоро ќе се вклучат и два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ЦУК додаваат дека пожарот на планината Серта е разгранет на три.

Првиот пожар, како што вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, е во атарот на селото Калањево во Општина Неготино, вториот е во селата Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче и третиот крак е помеѓу селата Драгоево и Селце, на местото викано Хаџи Реџепли во Општина Штип.

Освен овој пожар, Ангелов вели дека се уште е активен и тој на планината Огражден непосредно на границата со Бугарија, на територијата на општина Ново Село.

Поради пожарите кои се активни неколку дена, владата прогласи кризна состојба која ќе трае 30 дена.

Слични Објави