| |

Родовата еднаквост – Надлежности на општината и како ги остварува

Родовата еднаквост е процес на институционализација на родовата еднаквост на сите нивоa, регулиран со Законот за еднакви можности на жените и мажите (чл 16), согласно Националната стратегија за родова еднаквост (2021-2026) и Националниот акциски план за родова еднаквост (2018-2020), но одредбите за родовото буџетирање, како трансформативен механизам, сè уште не е дел од Законот за буџетите (има само буџетскиот циркулар од МФ за буџетски корисници на централно ниво, со посебна програма „Џ1 – Родова еднаквост“, во која се планираат сите расходи поврзани со родово одговорно буџетирање). 

Овој Закон (со силни прекршочни парични санкции) им наложува на општините да формираат Комисија за еднакви можности на жените и мажите, која (по ново) се нарекува „Комисија за родова еднаквост“, на Комисијата ѝ дава право за:

  • формирање мислење за материјалите и предлозите за седниците на Советот;
  • да учествува при креирање и донесување на најважните стратешки документи;
  • да дава предлози за имплементација на принципот на еднакви можности и недискриминација во работата на органите на ЕЛС, општинската администрација и сите области на работа на ЕЛС (или: Комисијата има право да коментира во сите надлежности на ЗЛС од чл 22).

Општината определува и координатор за еднакви можности на жените и мажите од државните службеници во општината, како постојно тело, со одлука на Советот, а нејзиниот состав и обврски се утврдуваат со Статутот на општината.

ЗЕЛС активно дава поддршка на родовата еднаквост преку  www.rob.zels.org.mk како ресурсен центар и води Лоби група за родова еднаквост.

Слични Објави