Шампионските патики на Гого Славески продадени за 92.000 денари за лекување на прилепчанецот Виктор Николоски

Специјално дизајнираните патики што македонскиот борец Горјан „Гого“ Славески ги носеше во својата последна победа на големата светска сцена официјално се продадени на хуманитарна аукција за сума од 92.000 денари, а целата собрана сума е наменета за лекувањето на Виктор Николоски од Прилеп. Со овој чин, нашиот познат спортист кој веќе со години живее и професионално ја гради својата кариера во Америка, заедно со домашниот бренд „RVR“, направија големо хумано дело. Иако со илјадници километри подалеку од татковината, Славески уште еднаш покажа дека срцето секогаш му чука за Македонија, претворајќи ја големата спортска победа во надеж за уште една, онаа најважната – победата за живот. Патиките што беа сведоци на врвен светски успех сега добиваат уште поголемо значење, станувајќи траен симбол на солидарност, човечност и општествена одговорност..

Посебниот дизајн на овие патики, инспириран од моќната тема „Тивко е на ножот“, во себе ја носи македонската симболика и препознатливиот национален дух. Црвено-црните бои, знамето на ножот, историскиот натпис „Слобода или смрт“, македонскиот народен вез и впечатливиот црвено-црн градиент се споени во една уникатна приказна. Сепак, најубавиот дел од оваа спортска опрема не е испишан со мастило и везови, туку со чиста човечност која од спортската арена, преку хуманитарната аукција, стигна директно до срцето на едно дете и неговото семејство. Победите на Горјан продолжуваат и надвор од рингот, давајќи му ја неопходната поддршка на семејството Николоски во нивната најважна борба за здравјето на Виктор.

Најголем наддавач на хуманитарната аукција кој ја понуди победничката сума е Јованов (jovanov_titan_pro99). Со овој исклучителен и благороден гест, тој покажа дека вистинските шампиони во општеството не се препознаваат само по личните успеси, туку пред сè по добрината и трагата што ја оставаат зад себе.

Слични Објави