|

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА 2023“ во организација на Општина Битола е избрана за најдобар фестивал на вториот БЕАМ Фестивал на најдобри настани во државата. Наградата им беше врачена на градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, кои на синоќешната свеченост изразија голема благодарност до сите вклучени субјекти во организација на оваа десетдневна предновогодишна културно-туристичка атракција, започнувајќи од претставниците на општинската администрација, Локалниот економско социјален совет, Занаетчиската комора и претставниците на Старата битолска чаршија, како и големата поддршка од бизнис секторот. Голема заслуга за успешната организација и реализација на оваа манифестација која се реализираше по трет пат во Битола, имаат и сите учесници на настаните, претставниците на основните и средните училишта, детските градинки, како и музичарите, актерите и другите изведувачи вклучени во програмските активности.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Манифестацијата е единствена затоа што истовремено, културно, заживува повеќе локации, со различен вид културни содржини за сите генерации. Истовремено, го покажува квалитетот на културните случувања и големиот потенцијал на домашаните изведувачи, како и бенефитот за граѓаните, преку соработка помеѓу сите вклучени субјекти во општественото живеење, а бизнис секторот, самоницијативно ја покажува својата општествена одговорност.

Овие карактеристики, беа соодветно препознати, евалуирани и наградени од страна на жири комисијата на БЕАМ фестивалот, со што Општина Битола и „Зимска приказна“, добија заслужено признание.

БЕАМ (Best of Еvent Аwards Macedonia) е професионална награда која се доделува на компании, агенции и институции за најдобрите и најквалитетните настани за изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија. БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.

Организатор на БЕАМ е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.

Слични Објави