14 октомври – Ден на Покровот на Пресвета Богородица
Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, којашто со своите застапнички молитви го смилостивува Бога кон нас грешните.
На 14 .октомври православните верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица како потсетување на чудесниот настан што се случи на 14 октомври 911 година, во времето на царот Лав Мудриот
Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а тој му ја покажал на својот ученик Епифаниј. Имено, Пресвета Богородица стоела над собраните верници во храмот и врз нив го прострела нејзиниот омофор, и со него ги заштитувала сите како свои чеда.
Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник.
За овој празник се поврзани различни верувања и обичаи. Се смета за женски празник, па затоа жените најчесто го слават како еден вид љубов и благодарност кон Богородица.
Овој празник порано го славеа повеќето мајки кои се молеа за своите деца и го поминуваа денот со своите деца во љубов и убави активности, но се верува дека на овој ден се молат и сите девојки кои сакаат да имаат семејство.
Голем број верници на 14 октомври го посетуваат манастирот Покров на Пресвета Богородица, во непосредна близина на Волково село на неколку километри оддалечен од Прилеп.