КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП ВО СПОМЕН НА Д-Р САШКА ЈОВАНОВА
Црвениот крст на Република Северна Македонија организира крводарителска акција во Прилеп, во спомен на д-р Сашка Јованова, со цел да се поттикне хуманоста и да се обезбедат потребните резерви на крв за пациентите.
Крводарителската акција ќе се одржи на 12 ноември 2026 година (четврток), од 08:00 до 13:00 часот, во Станицата за трансфузиона медицина во Прилеп.
Организаторите ги повикуваат сите хумани граѓани да се приклучат на акцијата и со дарување крв да дадат свој придонес во спасувањето човечки животи.
За учество во акцијата, крводарителите треба да понесат документ за лична идентификација.
Под мотото „Единственото нешто кое не може да се купи е животот!“, оваа иницијатива испраќа порака дека хуманоста и солидарноста можат да направат разлика и да спасат нечиј живот.


