15-ти ЈУБИЛЕЕН Меѓународен турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески
Покана за 15-тиот ЈУБИЛЕЕН Меѓународен турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески

На 25.01.2025 (сабота) со почеток од 11:00 часот, во спортската сала Гумење во Крушево, ќе се одржи 15-тиот ЈУБИЛЕЕН Меѓународен турнир во мал фудбал. Овој настан се организира во чест на легендарниот Тоше Проески.
Повелете сите заедно да ги проследиме натпреварите во чест на Тоше Проески!!! напиша градоначалникот на Крушево, Томе Христоски