Кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан во прва работна посета на Битола
Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан, ја оствари својата прва работна посета на Општина Битола по стапувањето на должност.
Во рамките на посетата, амбасадорката се сретна со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со кого разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу Битола и кинеските градови, особено во областа на културата, образованието и туризмот.
Амбасадорката Сјаојан изрази задоволство што нејзината прва официјална посета надвор од Скопје е токму во Битола и посочи дека е воодушевена од архитектурата и убавината на градот.
Градоначалникот Коњановски ја истакна долгата културна и историска традиција на Битола и изрази подготвеност за продлабочување на соработката со НР Кина, нагласувајќи дека ваквите посети се поттик за нови заеднички иницијативи.
Посетата заврши со разгледување на дел од културно-историските знаменитости на градот, кои оставија силен впечаток кај кинеската делегација.



