|

Битолските инспектори секојдневно на терен – нова одлука за поголем ред и мир во општината

Поради сè почестите појави на девијантно однесување, незаконско постапување и евидентирани прекршоци во областа на градежништвото, сообраќајот, услужните дејности, јавната чистота и расипничко однесување кон јавните добра, Општина Битола донесе важна и одлучна мерка: Секторот за општински инспекторат од сега ќе делува секојдневно и вон стандардното работно време.

Одлуката предвидува зголемено присуство на инспекторите на терен – преку дежурства кои ќе се спроведуваат секој ден, во сите делови од денот, а ќе ги опфатат и викендите, како и неработните денови. Целта е недвосмислена: континуиран надзор и брза реакција на секоја нерегуларност или незаконско дејствување.

За поголема достапност и вклучување на граѓаните, воспоставен е и дежурен телефонски број – 075 388 797 – на кој секој жител може да пријави забележана појава на несоодветно, девијантно или штетно однесување во неговото опкружување.

„Сакаме да создадеме средина во која владее ред, закон и почитување на јавниот интерес. Секој граѓанин има право на мирна и достоинствена животна средина – и ние сме тука да го гарантираме тоа“, велат од Општина Битола.

Слични Објави