Истрага за 8 лица и една фирма од ОЈО Прилеп
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинение против осум лица и една фирма поради серија тешки злоупотреби во Општата болница Прилеп, со кои е нанесена милионска штета.
Поранешната директорка и тројца вработени се товарат дека од 2022 до јули 2024 година проневериле 9,6 милиони денари од болничките средства. Парите, според обвинението, завршувале како лична корист преку фиктивни налози и лажни каси-исплати.
Дополнително, директорката, заедно со луѓе од приватна агенција за обезбедување, организирала фиктивно обезбедување на болницата – фирмата наплатувала услуги кои реално не биле извршени, со што стекнала 6,5 милиони денари незаконска корист.
Обвинителството наведува и дека пари наменети за храна за пациенти биле трошени по кафеани и ресторани, а биле исплаќани и фиктивни прекувремени часови. Само по овие две основи болницата е оштетена за над 3,2 милиони денари.
Дел од злоупотребите се откриени по извештаи на Финансиската полиција и Државниот завод за ревизија, а истрагата за дел од случаите продолжува во Обвинителството за организиран криминал и корупција.



