Прилеп ќе ги награди најзаслужните – Отворен повик за наградите „3-ти Ноември“

Општина Прилеп започна постапка за доставување предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и за наградата за животно дело.

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп упатува јавен повик до претпријатија, здруженија, граѓани и други заинтересирани субјекти да предложат кандидати кои со својата работа и достигнувања дале особен придонес во развојот и афирмацијата на Општина Прилеп.

Наградите и признанијата „3-ти Ноември“ традиционално се доделуваат по повод празникот на Општина Прилеп. Тие се наменети за физички и правни лица со посебни достигнувања и остварувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот, како и за оние чиј придонес е значаен за развојот и афирмацијата на општината.

Посебно е предвидена и наградата за животно дело, која треба да биде доделена на кандидат кој подолг период се истакнувал со значајни остварувања и особен придонес во својата област.

Кој може да предложи кандидат?

Предлози за доделување на наградите и признанијата можат да поднесат претпријатија, здруженија, граѓани и други заинтересирани субјекти.

Од Комисијата нагласуваат дека предлозите треба да бидат образложени и аргументирани, односно да ги содржат податоците и доказите со кои се потврдуваат посебните достигнувања и остварувања на предложениот кандидат во соодветната област.

За наградата за животно дело, предлозите треба да се однесуваат на кандидати кои во подолг временски период постигнувале значајни резултати и дале особен придонес во својата област.

Рок за доставување на предлозите

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, преку приемното одделение во Општина Прилеп или на адреса:

ул. „Прилепски бранители“ бр. 1, Прилеп.

Јавниот повик е отворен од 10 септември до 9 октомври 2026 година.

Според објавениот документ, при изборот ќе се земат предвид достигнувањата и остварувањата на кандидатите во периодот од 3 Ноември 2025 година до денот на поднесување на предлогот.

Во продожение линк до соопштението и барањето

Барање за доставување на предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“ и наградата за животно дело

ПРЕЗЕМИ Барање_1

Слични Објави