Прилепските кандидати за градоначалници потпишаа Кодекс за фер избори

Денеска во едно од прилепските кафулиња кандидатите за градоначалници на Прилеп потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Со потпишувањето на кодексот тие јавно се обврзаа на коректна изборна кампања, почитување на изборните правила и меѓусебно фер однесување.



Потписници на кодексот се независните кандидати: Љупчо Дунимаглоски, Ѓорѓија Игески, Борче Чупетрески и Павлинче Матеска.
Од редовите на политичките партии и коалиции кодексот го потпишаа: Петра Лукареска (СДСМ), Владимир Ѓорѓиоски (Македонска Ера Трета), Дејан Проданоски (ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија), Жарко Бошкоски (Искуство за успех) и Јасминка Стојковска (Демократи).

Слични Објави