Трагедија на патот Градско–Прилеп: Две лица загинаа, четворица повредени
На 04.11.2025 околу 16:40 часот, во близина на село Радобил, прилепско, на магистрален пат Градско–Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа. Судирот бил меѓу патничко возило „Киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 31-годишен маж од село Тополница, и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишен маж од село Дреново, кавадаречко.
На местото на несреќата, возачот на „Фолксваген“ и неговиот сопатник (56) од Дреново починале. Лекар ја констатирал смртта, а телата се предадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Киа“ и неговиот сопатник (24) од Тополница, како и сопатниците од истото возило – 28-годишен, 53-годишен и 31-годишен маж, сите од Дреново. Тие се пренесени и констатирани во Градската болница Прилеп и Општата болница Кавадарци.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.



