|

Продолжено работно време на угостителските објекти во Општина Ресен

Известување до угостителските објекти на подрачјето на Општина Ресен

 

Советот на Општина Ресен на седницата одржана на ден 13.12.2024 година донесе Одлука со која се продолжува работното време во угостителските објекти за и без храна, без оглед на видот на угостителските услуги, на подрачјето на Општина Ресен  за два часа наредниот ден  за деновите:

  • 04, 05  и 06.01. 2025 година   – (Божик)
  • 11,12  и 14.01.2025 година- (Стара Нова година)
  • 18 и 19.01.2025 година –  Богојавление(Водици)
  • 07 и 08. 03.2025 година  –   ( Меѓународен ден на жената)
  • 29, 30 и 31.03.2025 година   – ( Рамазан  Бајрам)
  • 01, 02  и 03.05.2025 година –  (Ден на трудот)
  • 18, 19 и 20.04.2025 – (Велигден)
  • 05.2025- (Матурска вечер)
  • 23 и 24. 05.2025 година – (Св. Кирил и Методиј)
  • 06, 07 и 08.06.2025 година –  (Курбан Бајрам)
  • 05, 06 и 07.07.2025 година – (Иванден и Актерот  на Европа)
  • 07.2025 година   – ( Подмочански средби)
  • 07.2025 година    – (  Иселенички средби с.Наколец)
  • 07.2025 година  – (Иселенички средби с.Грнчари)
  • 08.2025  година   –(Иселенички средби с. Болно)
  • 08.2025 година  – (Иселенички средби с. Брајчино)
  • 01, 02 и 03.08 2025 – (Илинден) – (Ден  на Републиката)
  • 28, 29  и 30.08 2025  – ( Успение на Пресвета Богородица)
  • 06,07 и 08.09.2025 година  – (Ден на независноста)
  • 09.2025 година. (Мала Богородица)
  • 10, 11 и 12.10.2025 година   – ( Ден на народното востание )
  • 23, 24 и 25.10.2025 година – (Ден на македонската револуционерна борба)
  • 06,07 и 08.12. 2025 година – ( Св. Климент Охридски )

Оваа мерка е донесена со цел да се задоволат потребите на граѓаните, особено во периоди на празници и поголема посетеност на угостителските објекти.

Одлуката е значаен чекор за поттикнување на економската активност во Општина Ресен, како и за подобрување на условите за угостителскиот сектор, кој има важна улога во локалната економија. Се очекува оваа мерка да влијае позитивно на функционирањето на угостителските објекти, како и на задоволството на посетителите.

Линк од известувањето

Слични Објави