|

Започна исплатата на штетите од невремето во Кривогаштани

Општина Кривогаштани започна со исплатата на надомест за штетите предизвикани од природните непогоди кои ја зафатија територијата на оваа општина во текот на 2023 година. Исплатата е наменета за земјоделците кои беа директно погодени од невремето и претрпеа загуби на своите насади.

Најголем дел од штетите се евидентирани врз засаден тутун, градинарски и житни култури. Комисијата за проценка на штети ги заврши сите постапки за утврдување на висината на штетите, а исплатата веќе е во тек.

Од локалната самоуправа ги повикуваат сите оштетени земјоделци,

„Се известуваат земјоделците кои беа оштетени од невремето кое ја зафати територијата на населено место Кривогаштани, дека Општина Кривогаштани започна со исплатата на штети на засаденен тутун, градинарски и житни култури настанати од природните непогоди во 2023 годинa“

Слични Објави