|

104 години од убиството на Ѓорче Петров – сеќавање на визионерот на македонската револуционерна борба

Со положување на свежо цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Прилеп, денес беше одбележана 104-годишнината од убиството на Ѓорче Петров – еден од најзначајните дејци на македонската револуционерна борба.

По тој повод, пред неговиот споменик во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија претставници на Општина Прилеп и Советот на Општината, Средното училиште што го носи неговото име, Сојузот на борците – Прилеп и претставници на политички партии.

Ѓорче Петров е симбол на нашиот непокор, на борбата за слобода, правдина и зачувување на македонскиот идентитет. Тој бил професор, публицист, историчар и пред сè – идеолог на Македонската револуционерна организација, кој со својата мисла и дело длабоко се вградил во темелите на македонската национална свест.

Како наш сограѓанин, Прилеп секогаш со особена почит се сеќава на него. Денес, кога му се поклонуваме пред неговиот споменик, ја потврдуваме нашата заложба дека никогаш нема да заборавиме што значеше неговата борба и која беше неговата визија – слободна, обединета и самостојна Македонија.

Ѓорче Петров останува вечен патоказ за сите генерации.

Нека му е вечна слава и спомен!

Слични Објави