„Љубов и вино“ – поетско-музичка вечер во Прилеп
Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци – Прилеп по четврти пат ја организираат поетско-музичката манифестација „Љубов и вино“, посветена на љубовта, поезијата и виното.
Настанот ќе биде во духот на 14 февруари – празникот на Св. Трифун и Св. Валентин, ден кога се слават и виното и вљубените. Преку стихови, музика и разговори, учесниците ќе зборуваат за љубовта, првите бакнежи и инспирацијата што ја носи виното.
На манифестацијата можат да учествуваат сите прилепски поети и писатели, кои своето учество можат да го пријават најдоцна до 10 февруари на е-пошта: risteskaandriana@gmail.com.
Како гости на вечерта ќе настапи КУД „Преродба 2024“, кои ќе ја збогатат програмата со свој музичко-фолклорен настап.



