|

(видео) Последен ден од кампањата „Информирани граѓани за ЕУ“ настан од проектот „Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ“ во Прилеп“

Денес во Прилеп се одржа последниот ден од кампањата „Информирани граѓани за ЕУ“, од проектот „Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, во организација на Ромската асоцијација за жени и млади од Скопје. Проектот има за цел зајакнување на ромските невладини организации, промоција на европските вредности и поддршка на жените жртви на семејно и родово базирано насилство.


„Целта е да ги зајакнеме невладините организации и мрежите, како Лулуди и мрежата на Сонце од Тетово, кои работат на интеграција на Ромите во општеството. Доделивме и 10 субгрантови на организации од Скопје, Штип, Дебар, Тетово, Битола, Прилеп и Кочани.“


На Завршниот настан, oрганизацијата ја искористи приликата да разговара со граѓаните за европските интеграции и како тие ги гледаат придобивките од евентуалното членство на Македонија во ЕУ.


„Имаме позитивни предлози, но и доста скепса. Некои мислат дека нема да ни биде подобро, дека ќе осиромашиме. Но младите веруваат дека ќе има повеќе можности за работа, дека ќе се отвори економијата и ќе се зголеми животниот стандард. Нас не радува тоа што граѓаните активно се вклучуваат и даваат свои предлози.“


Преку оваа иницијатива, невладините организации испраќаат порака – граѓаните имаат глас и нивните ставови треба да стигнат до политичките партии, и на локално и на национално ниво.


„Луѓето се разочарани од досегашните политики. Се надеваат дека со приклучувањето кон ЕУ ќе биде подобро. И ние како организации веруваме дека тоа ќе донесе позитивни промени – економски и политички, кои ќе го подобрат животот на сите граѓани во Македонија.“

Како организација која што работи за унапредување на правата на жените, велат дека проблемот не е секогаш во степенот на образование или социјалниот статус, жритви има од сите рангови, а проблемот го гледаат во патријрхалносто воспитување на балканската жена.

Слични Објави