| |

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ – БИТОЛА, ЦЕНТАР НА ПРАЗНИЦИТЕ!

Од лизгалиштето на Магнолија, празничниот плоштад кај Офицерски и возот „Мечо,“ до пајтонот со Дедо Мраз, моторџиите Дедо Мразовци и концертите во Старата чаршија – Битола блесна како вистинска сцена што се памети.


18 денови исполнети со магија:
150 настани
400 часа програма
Над 50.000 посетители

Заедно ги создадовме овие незаборавни моменти, покажувајќи ја моќта на заедништвото и поддршката на локалната економија. Ова не беше само празник, туку ново поглавје во историјата на нашиот град.

„Зимска Приказна“ заврши, да се надеваме дека создаде и дух кој ќе провејува низ целата година.

Слични Објави