74 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ
Војдан Поп Георгиев – Чернодрински – истакнат писател, револуционер , театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.
Роден во с.Селци, Дебарско на 15 Јануари 1875 година, во семејството на селскиот кмет и подоцнежен свештеник Георги Славковски, подоцна наречен Ѓурчин. Таткото ја забележал љубовта на Војдан кон книгата и токму поради тоа Ѓурчин му овозможил на својот син соодветно школување.
Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на глумци во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Тој со своите текстови го бодрел и храбрел населението во Македонија. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската, така и од странската јавност.
Умира во Софија на 7 Јануари 1951 година.
Драмски текстови на Чернодрински.
- Дрварите (1895)
- Во меаната (1895)
- Македонска емиграција (1897)
- Македонска крвава свадба (1900)
- Од глаата си патиме (1902)
- Робот и агата (1902)
- Зло за зло (1903)
- Срешта (1903)
- Мајстори (1903)
- Духот на слободата (1909)
- На реката (1921)
- На Нова година (1921)
- Цар Пир (1921)
- Бурите крај Вардар (1925)
- Цвета војвотката (1929)
- Слав Драгота (1930)
Во чест на Војдан Поп Георгиев, во Прилеп се одржува МТФ „Војдан Чернодрински“
Фото: Википедија