Сопственикот на фирмата „Пулс“ во Кочани однесен за Литванија

Претходно беше објавено дека Александар Карадакоски е сопственик на фирмата „ММММ кафе Доел Кочани“, која раководела со дискотеката „Пулс“, која беше зафатена од пожар.

Во јавноста првично кружеја информации дека тој е во бегство, а подоцна дека бил уапсен. Сепак, вистината е дека тој се наоѓа во болница.

Денес беше потврдено дека Карадакоски е еден од педесетината повредени пациенти кои биле пренесени во странство, а тој е еден од четирите пациенти кои се пренесени во Литванија.

Слични Објави