Мечка забележана во близина на првите куќи во Дебреште – апел до жителите за внимателност

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБРЕШТЕ

Мечка е забележана во близина на резервоарот во селото Дебреште, на околу 30 метри од првите куќи, поради што жителите се предупредуваат да бидат особено внимателни.

Според информациите од терен, мечката е забележана во непосредна близина на населеното место. На жителите им се препорачува да избегнуваат движење во тој предел, особено во вечерните и раните утрински часови.

Се апелира децата да не се движат сами во близина на местото и да се посвети внимание на домашните животни.

Жителите се повикуваат информацијата да ја споделат со своите сограѓани, со цел навремено да бидат информирани сите жители на Дебреште.

Foto – Дебреште

Слични Објави