Зимата започна денес во 16 часот и 03 минути – Најкраткиот ден во годината е денес
Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.
До крајот на годината остануваат уште 10 дена.
Зимата ќе трае до петок, 20 март 2026 година (пролетната рамноденица), кога ќе започне пролетта во 15:46 часот.
Вкупното времетраење на оваа астрономска зима ќе биде 88 дена, 23 часа и 42 минути.



