Македонските моделари победнички во Израел: Злато за Лука и бронза за Дино Најдоски
Најубав новогодишен подарок за македонските воздухопловни спортови пристигна од Израел. На денешниот ФАИ Светски куп „Ханука Куп“, македонските претставници остварија извонреден успех во дисциплината воздухопловно спортско моделарство.
Лука Најдоски, го освои првото место во јуниорска конкуренција, со вкупно четврта позиција во генералниот пласман, додека Дино Најдоски го освои третото место меѓу јуниорите, потврдувајќи го квалитетот и континуираниот напредок на македонското спортско моделарство.
Со освоените бодови од овој натпревар, постои реална надеж дека Македонија ќе добие светски првак во генералниот пласман во рамки на ФАИ Светскиот куп. Дали бодовите ќе бидат доволни за ова престижно признание, ќе биде познато наскоро, по официјалната потврда од канцеларијата на Меѓународната воздухопловна спортска федерација (ФАИ).


