Девет нови лекови на позитивна листа, за срцеви заболувања, крвен притисок, антидепресиви и други

Девет лекови стануваат дел од позитивната листа, најави министерот за здравство Арбен Таравари. Воведувањето 9 нови генерики на лекови на примарната позитивна листа по подолг временски период е повод за денешната прес-конференција на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и претставници на комисијата за позитивна листа.

Станува збор за вкупно 87 лека во различни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата земја како од генерички така и од оригинаторни компании. За граѓаните ќе бидат бесплатни лековите за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција

– Ова е само почеток, процесот за проширување на позитивната листа продолжува и понатаму и во оваа прилика ги повикувам и охрабрувам фармацевтските компании да продолжат со апликациите за ставање нови лекови на позитивната листа, истакна министерот Таравари.

Лековите што се најдоа на позитивната листа се со генеричко име Prasugrel и Ticagrelor (за крвни болести и против згрутчување на крвта), Nebivolol, Perindopril, Valsartan и Fenofibrate за висок крвен притисок и Escitalopram, Mementine и Duloxetine за третман на депресија и деменција,

Слични Објави