Заедно да одлучиме што е најдобро за сите нас! – ЈАВНА РАСПРАВА на 24.11.2023 во Крушево
Покана до жителите од општина Крушево за ЈАВНА РАСПРАВА, каде транспарентно и врз база на мислењата и предлозите од жителите ќе се дискутира за процесот низ кој ќе се одвива реконструкцијата на локални улици и места кои се од суштинско значење од историски аспект за Македонија и Крушево, но и места каде се одржуваат десетина меѓународни, интернационални параглајдинг натпревари од Светски и Европски првенства.
ЈАВНАТА РАСПРАВА е закажана на 24.11.2023 година (петок), во Основното училиште ,,Никола Карев” Крушево, со почеток во 11 часот.
Стои во изјавата од градоначалникот Томе Христоски на општина Крушево „Продолжуваме со градежната офанзива во Крушево, се подготвуваме за реконструкција на локалната улица Коча Миленку и дел од улицата Манчу Матак, поточно од раскрсница ,,Тагас” во правец на хотелски објекти, спојка со регионалниот пат кој води кон Демир Хисар.“
Започнуваме со презентирање на сите големи проекти кои ќе бидат од големо значење за општина Крушево!
Покрај сите финанскиски предизвици со кои се соочуваме, во 2024 година продолжуваме со уште посилно темпо и реализација на сите проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на нашите сограѓани.
После завршување на оваа многу важна и значајна делница во Крушево, продолжуваме со градежни активности кон населените места, затоа што за нас сите се битни и еднакво важни за подобрување на општата слика за едно поинакво и поубаво Крушево.
Градиме капитални инфраструктурни проекти како никогаш до сега, како во градот, така и во сите населени места од Општина Крушево/Municipality of Krusevo .“
.