Во Општина Ресен, граѓаните одлучуваат кои се најприоритетни проекти за локална заедница
Во Општина Ресен, одржана е првата сесија на Форумот во заедницата, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Форумот на заедницата претставува форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот живот и за самата заедница. Кај Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката.
Форумот на заедницата ѝ служи на општината да развие транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, но и граѓаните да развијат чувство на одговорност за трошењето на општинските средства.
На форумот, учествуваа градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, жители на општина Ресен, претставници од локалната самоуправа, советниците во општината, претставници на невладини и други организации, претставници од образовните институции, јавните претпријатија и од бизнис секторот.
Учесниците на форумот работеа во групи и даваа предлози за подобрување на состојбите во општината во областа на животната средина, социјалната заштита, туризмот и културата, спортот и младите, земјоделството и руралниот развој, образованието, инфраструктурата.
На крајот на форумсиот процес, учесниците на форумите одлучаат кои се најприоритетни проекти за локална заедница и тие ќе бидат реализирани со финансиска поддршка обезбедена преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, а со свои средства ќе учествува и општината.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ е финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.