| |

Вклученост на граѓаните во креирање на локални политики

Овозможување на механизми и добри практики за директно вклучување на граѓаните во креирањето на локални политики и носењето одлуки е значајна компонента на буџетската транспарентност. Визуелот го прикажува процентот на вклучување на граѓаните во креирање политики на регионално ниво.

Најголем број на општини кои спроведуваат форуми за вклучување на граѓаните при носењето на буџетските одлуки се од Источниот плански регион (7/11 општини), Југоисточниот плански регион (7/10 општини) и Пелагонискиот плански регион (6/9 општини).

Според анализата за Фискална транспарентност кај општините во фискалната 2022-2023 година, 51% од општините организирале форум со граѓаните и општествените чинители, наспроти 49% во фискалната 2021-2022.

Отвореноста на општините преку овозможување на механизми и пракси за директно вклучување на граѓаните во креирањето на локални политики и носењето одлуки е значајна компонента на буџетската транспарентност преку инклузивност/ вклученост на граѓаните.


Општините во РСМ најчесто спроведуваат форуми/дискусии за дефинирање на општинските
приоритети за буџетите за следната година, односно спроведуваат буџетски форуми за
граѓаните. Истовремено постојат, иако во помал број, општини кои покрај буџетските форуми
спроведуваат и форуми за локален економски развој (ЛЕР) на кои граѓаните и другите засегнати чинители имаат можност да учествуваат со идеи и ставови, како и предлози за креирањето на стратегијата и плановите за развојот на локалната економија.

Повеќе информации за анализата на https://cea.org.mk/wp-content/uploads/2019/09/0.-USAID-SRMA-_Fiscal-Transparency-Analysis_CEA_V221082023.pdf?fbclid=IwAR1FPWFWi57h098HGn6CsK3_NEEqoiwpCR7mLlHLsj7C16Y-jaWbmxRx1TU

Активностите се дел од проектот @Strengthening Resource Mobilization Activity- North Macedonia и им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани. УСАИД ги поддржува напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти

Слични Објави