|

Втора фаза од дезинсекција против комарци во Општина Могила

Известување – 2ра фаза на дезинсекција на подрачјето на Општина Могила

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ја најави втората фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци на подрачјето на Општина Могила.



Активностите ќе се спроведат на 28 и 29 јули 2025 година (понеделник и вторник), во периодот од 19:00 до 02:00 часот. Дезинсекцијата ќе се изведува од земја (теристички), со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило кое ќе биде означено со ротационо светло.

Со запрашувањето ќе бидат опфатени: зелените површини низ Општината, текови на реки и водотоци, каналски системи, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и други критични подрачја според планот и програмата.

За третирањето ќе се користи препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца делтаметрин.

Во случај на неповолни временски услови (ветар или дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен поволен ден.

За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за јавно здравје – Битола на телефоните 047 208-100 и 047 208-120.

Втората фаза, е во Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Могила за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Могила како општа противепидемиска мерка.

Слични Објави