Доделени награди за општинските прваци во училишниот спорт во Прилеп
Денес во салата на Општина Прилеп, во соработка со Сојуз на училишен спорт – Прилеп, беа доделени наградите за учениците и училиштата кои ја освоија титулата општински прваци во вкупно 20 спортски категории за учебната 2025/2026 година.
Во текот на изминатата година се реализираа голем број натпревари во повеќе спортски дисциплини, со масовно учество на ученици од основните и средните училишта од Прилеп. Покрај натпреварите, беа организирани и повеќе спортски манифестации, со што беше потврден континуитетот и активноста на училишниот спорт во општината.
Доделените пехари и признанија се резултат на ангажманот на учениците, наставниците и менторите, како и на поддршката од училиштата и семејствата. Според организаторите, во наредниот период ќе продолжи соработката меѓу локалната самоуправа и Сојузот, со фокус на унапредување на условите за спортување и развој на спортската инфраструктура во училиштата.




