|

Волкановски ја освои титулата во УФЦ – Македонецот од Австралија повторно на врвот

Александар Волкановски, познат и под прекарот „Александар Велики“, уште еднаш ја потврди својата доминација во перо категоријата на УФЦ, совладувајќи го Диего Лопез со едногласна судиска одлука. Со оваа победа, Австралиецот со македонско потекло повторно го врати шампионскиот појас, покажувајќи дека сè уште е сила со која мора да се смета во октагонот.

По борбата, Волкановски ја прослави победата на особено емотивен начин – заедно со неговиот татко Тоде, кој потекнува од битолското село Беранци.

Волкановски повторно си го врати назад шампионскиот појас откако претходно во февруари лани беше брутално совладан од Илија Топурија. Една година и два месеци подоцна Александар е повторно шампион.

Со оваа победа, Волкановски ја продолжува својата блескава кариера во УФЦ со биланс од 26 победи и само два порази. Неговото име веќе одамна се споменува меѓу најдобрите борци во историјата на оваа категорија.

Слични Објави