|

Каратистите од К.К. Бонсаи – Прилеп, со 30 медали од „Олимпик Опен 2025“

Македонските каратисти доминираа на меѓународниот турнир „Олимпик Опен 2025“ кој викендов се одржа во Скопје, освојувајќи вкупно 250 медали и убедливо пласирајќи се на врвот меѓу учесниците од регионот. Голем придонес за овој успех дадоа и каратистите од Прилеп, кои повторно ја докажаа својата спортска сила и дисциплина.

На турнирот учествуваа натпреварувачи од различни земји, а Македонија освои 54 златни, 57 сребрени и 139 бронзени медали. Зад нас останаа Црна Гора со 66 медали, Бугарија со 41, Косово со 20, Србија со 14.

Карате клубот Бонсаи – Прилеп постигна извонредни резултати на меѓународниот турнир. Прилепските каратисти се вратија дома со вкупно 30 освоени медали во дисциплините ката и кумите, и во тимска и индивидуална конкуренција.

Илијоска Јована – ката жени 16+, Грујоска Ева, Стојановски Теодор… Меѓу учесниците и добитници е и Леонид Белески кој освои две трети места во многу силна конкуренција, едно индивидуално и едно поединечно во борби.

Особено радува фактот што на овој престижен турнир учество зедоја и најмладите членови на клубот, кои покажаа голема борбеност, техника и спортски дух, што ветува уште посветла иднина за карате спортот во Прилеп.

Слични Објави