|

МАКЕДОНИЈА СО НАЈСКАПА СТРУЈА ВО РЕГИОНОТ

Македонија останува со највисока цена на електричната енергија за домаќинствата во регионот, според податоците на Евростат. Во првата половина на 2023 година, просечната цена изнесувала 10,5 евра за 100 киловат-часови (kWh), што е повисоко од соседните Албанија (10,1 евра), Црна Гора и Србија (по 9,6 евра), Босна и Херцеговина (8,7 евра) и Косово (6,7 евра).

Во втората половина од 2023 година, цената во Македонија се зголемила на 7,289 денари по kWh, што претставува раст од 8,2% во однос на претходниот период. Сепак, во првата половина од 2024 година се бележи намалување на 6,625 денари по kWh, што е пад од 9,1%. И покрај ова, земјата сè уште има најскапа струја во споредба со регионот, што дополнително ја влошува финансиската состојба на граѓаните, имајќи предвид нивните пониски приходи во однос на соседните држави.

Слични Објави