|

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ВО НОВАЦИ!

Денес официјално беше потпишан Договорот за управување со Младинскиот центар Новаци помеѓу Општина Новаци и младинската организација МГА – Младинска граѓанска акција! Овој договор означува важен чекор кон создавање на простор за младите – место каде тие ќе можат да се развиваат, поврзуваат, учат и делуваат. Центарот ќе биде отворен најмалку 5 дена во неделата, достапен за сите млади, со поддршка од професионални младински работници.

Општината ќе обезбеди: Простории и услови за функционирање, Режиски трошоци, Годишна финансиска поддршка од најмалку 450.000 денари

Младинскиот центар ќе работи по утврдени национални стандарди и ќе понуди програми за личен, социјален и професионален развој на младите од општината.

Слични Објави