|

(видео) ОТКУПЕНИ 500 ТОНИ ПО 420 ДЕНАРИ ЗА ПРВА КЛАСА

ворањето на сите компании.Од вчера официјално започна откупот на тутунот во Македонија со отворањето на откупните пунктови на „Кавекс“, „Италмакс“ и Тутунскиот комбинат. Во текот на денешниот ден се очекува да започне со работа и „Сокотап“, додека од утре, 3 декември, со откуп ќе стартуваат „Алијанса“ и „Пашовски“.



За компаниите „СЕХЕ“ и „Орбита Табак“ засега нема официјална најава за почеток на откупот, но надлежните уверуваат дека најдоцна до 15 декември сите откупувачи ќе мора да ги отворат пунктовите, согласно законските рокови.

Откупот годинава се врши по класи, со следниве цени:

  • 420 денари за прва класа,
  • 360 денари за втора класа,
  • 300 денари за трета класа.

Досега се откупени околу 500 тони тутун, најголем дел по цена од 420 денари, со минимално количество од втора класа, по желба на самите производители.

Во јавноста се појавија реакции за враќање на тутунот од откупните пунктови, но од надлежните појаснуваат дека враќањето не е поради цената, туку поради недосушен, зелен и влажен тутун. Апелот до тутунопроизводителите е да го остават тутунот да се досуши, по што тој ќе може да биде откупен без проблем.

Откупната кампања ќе трае до 28 февруари, а се очекува со падот на температурите да се подобри квалитетот и да се намали влагата во тутунот, што ќе овозможи и дополнителни количества да влезат во прва класа.

Според проценките, годинава на ниво на држава се очекува откуп од околу 22 милиони килограми тутун. Побарувачката е зголемена, а со отворањето на сите компании се очекува и уште поголем интензитет на предавање.

Слични Објави