Во пресрет на 8 Март – Едукативна трибина за рак на дојка денес во Прилеп
Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, денес, во Библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, се одржа првата едукативна трибина од серијата „Дијагноза, третман, естетика серија едукативни трибини со цел подигнување на свесноста за рак на дојка под наслов „Дијагноза, третман, естетика“. Кампањата, која ги опфаќа сите аспекти на оваа комплексна болест, има за цел да ги информира пациентите и пошироката јавност за чекорите од дијагнозата, преку лекувањето, до реконструкцијата на дојка.Организатор на трибините е ХЕМА-ОНКО, во соработка со ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и Универзитетскиот институт за радиологија.
На настанот учествуваат доктори специјалзантки од областа на онкологијата, радиологијата, пластичната и реконструктивната хирургија, представнички на здруженија од Прилеп. Покрај нив, свои сведоштва и пораки за поддршка споделија и пациентки кои се излекувани и пациентки кои моментално се борат со ракот на дојка, нудејќи инспирација и охрабрување за сите засегнати.
Особено беше истакнато дека бројот на заболени од рак на дојка постојано се зголемува, а загрижувачки е што возраста на пациентките е се помала – сѐ повеќе млади жени се соочуваат со оваа болест.
„За жал, во Општина Прилеп се повеќе се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, ние како општина и совет секогаш се трудиме да излеземе во пресрет на болните“ рече претседателката на советот на општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец,
Редовните прегледи и навремената дијагностика играат клучна улога во успешното лекување.