ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО СОУ „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ“ НА ТЕМА : „УНАПРЕДУВЊЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИТЕ“
Стручната служба во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп одржа работилница на тема „Унапредување на менталното здравје кај младите“ – Справување со лутина.
Акцентот беше ставен на тоа учениците да станат свесни за своите постапки и да научат да менаџираат со свите емоции.
Многу луѓе имаат мислење дека менаџирањето или управувањето со лутината е да се научи како таа да се потисне. Меѓутоа вистинската цел не е да се потисне чувството на лутина, туку да се разбере пораката што стои зад емоциите, и да се изрази на здрав начин без да се изгуби контрола над своите постапки.