|

Млади од 15-29 години од Општина Кривогаштани може да се пријават за членови на иницијативен одбор за организација и одржување на локално собрание на млади

Од страна на општина Кривогашнати е објавен „Јавен повик за членови на иницијативен одбор за организација и одржување на локално собрание на млади на општина Кривогаштани“ КОЈ ТРАЕ 10 ДЕНА ОД 26.10.2023 ГОДИНА ДО 04.11.2023 ГОДИНА

Главната цел на формирањето на ицинијативен одбор за организација и одржување на локално собрание на млади е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општината, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Членови на иницијативниот одбор можат да бидат млади номинирани од младински организации или друг тип младински структури од општина Кривогаштани. Иницијативниот одбор ќе го води основањето на локалниот младински совет, ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите за формирањето на локалниот младински совет, се до формирањето на Основачко собрание.

Активности за идните избрани членови на локален младински совет:

Учество на обуки за младински активизам и младински политики;
Учество во унапредување на локалните младински политики преку организирање младински настани и акции;
Соработка со општината за воспоставување на Локален младински совет;
Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;
Активно учество при спроведување на обуките и останатите активности предвидени со проектот;
Активно учество при изработка на локални младински документи.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат членовите во иницијативниот одбор:

Да се жители на општина Кривогаштани
Да бидат на возраст од 15-29 години
Да се креативни и способни за индивидуална и тимска работа и да поседуваат искуство во областа: работа со млади и младински организации
Да имаат интерес за унапредување на локалните младински политики
Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво

Начин на аплицирање и рок за поднесување на пријави

Пријава за номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации
(Прилог бр.1)
Изјава за користење на лични податоци од номинираното лице
(Прилог бр.2)
Изјава за согласност за прифаќање на номинација
(Прилог бр.3)
Кратка биографија CV (во која задолжително ќе бидат наведени активностите во област:
работа со млади и младински организации)

Потребните документи за аплицирање може да ги најдете на следниов линк на официјалната страна од општина Кривогаштани https://krivogastani.gov.mk/?p=6231

Слични Објави