|

AirFlow Music Festival собра 807.500 денари за хуманитарни цели

AirFlow Music Festival собра одлична цифра, која ќе ја донира за хуманитарни цели. Организаторите соопштија дека на фестивалот се собрале вкупно 807.500 денари од продажба на влезници и од спонзори. Средствата ќе бидат донирани за поддршка на повредените од неодамнешниот пожар во Кочани, како и за потребите на Центарот за култура „Марко Цепенков“- Прилеп.



За поголема транспарентност, организаторите најавија дека наскоро ќе биде објавен и официјален доказ за донацијата.

„Огромна благодарност до сите што беа дел од фестивалот и придонесоа за оваа хумана цел“, велат од AirFlow Music Festival. Тие посебно се заблагодарија на Аероклуб Прилеп за бесплатно обезбедениот простор и уникатната сцена со авиони, како и на @partyhub.event.mk за логистиката и организацијата.

Фестивалот најави дека следната година ќе се врати во уште подобро издание, со нови изненадувања за посетителите.

Слични Објави