|

Видео упатство за аплицирање на повикот за енергетска ефикасна дограма

Аплицирањето на јавниот повик за субвенционирање на замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма (дрвена) со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, оваа година, ќе се врши преку електронско поднесување на потребната документација, согласно објавениот повик.

На барање на Општина Битола, модулот за електронски систем за поднесување на барања за субвенции, го изготви економскиот оператор „Јавен адвертајзинг“, кој ќе ја овозможи комплетната техничка поддршка за успешно спроведување на процесот на електронско аплицирање.

  • Во продолжение погледнете ја постапката за аплицирање

„За поедноставување на процесот на аплицирање за граѓаните, објавуваме видео упатство, во кое се прикажани чекорите за аплицирање на повикот.

Ве молиме, внимателно погледнете го видеото и имајте предвид дека големината на фајловите кои се прикачуваат не смее да надминува 4 MB.

Аплицирањето ќе започне во вторник, 08.04.2025 преку линкот https://subvencii-bitola.com/, до кој ќе може да пристапите директно или преку веб страната на Општина Битола, во делот „Електронски систем за поднесување барања за субвенции“.

1. На почетната страна наведени се условите и правилата

2. Изјавата за дограма (истата изјава која е објавена и во јавниот повик)

3. Упатството за користење на апликацијата, како и

4. Формата за поддршка доколку сакате да се обратите до Комисијата со одредено прашање

За да продолжите понатаму, потребно е да го селектирате делот „Ги прифаќам условите и правилата“ и да кликнете „Продолжи“, со што стигнувате до формата за субвенции.

1. Ги внесувате личните податоци: ЕМБГ, Име, Презиме, Телефонски број, емаил адреса, адреса на живеење, градот, трансакциската сметка и името на банката.

Потоа продолжувате во делот на документи за прикачување, каде може да прикачете податоци во следните формати: PDF, PNG, JPG, JPEG и не поголеми од 4 МB. Полиња кои треба да ги пополните:

– Трансакциска сметка

– Лична карта (страна 1)

– Лична карта (страна 2)

– Фискална сметка (оригинал – не фотокопирана)

– Изјава заверена на нотар

– Фотографии од стара дограма (Дадени се 4 полиња за стара дограма. Едно поле е задолжително, доколку менувате на пример еден прозорец, а останатите ги пополнувате, доколку менувате повеќе и не можете сите фотографии да ги прикачите во едно поле).

– Фотографии од нова дограма (Дадени се 4 полиња за нова дограма адекватно на претходното. Едно поле е задолжително, доколку менувате на пример еден прозорец, а останатите ги пополнувате, доколку менувате повеќе и не можете сите фотографии да ги прикачите во едно поле).

По внесување на сите податоци, продолжувате на копчето „Испрати“, по што ќе добиете известување „Потврда за поднесување на барање“, на кое треба да кликнете „Да“ и чекате кратко да се запишат податоците, по што ќе добиете порака „Вашето барање е успешно поднесено“.

На Вашата емаил адреса, ќе добиете порака со два ПДФ фајлови, од кои, едниот е „Барање“ со Вашите лични податоци, времето на поднесување на барањето и бројот на Вашиот предмет, како и дадената изјава за користење на личните податоци.

Максимален број на обиди за поднесување на ново барање е 3 пати, со што секое претходно барање се поништува.

За повеќе информации, погледнете го видеото.

Слични Објави