|

Отворена изложба на Елена Димоска: „Ајде да си зборуваме за растенија“

Синоќа во Ликовната галерија беше отворена самостојната изложба на млада уметница Елена Димоска, која ги истражува темите на природата, нејзината упорност и способноста да го обнови она што човечката рака го занемарува. Преку живописни дела, изложбата ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и природата која секогаш наоѓа начин да се регенерира.

На првата самостојна изложба оваа млада уметница, се претставува со дела на кои се истражува убавината и упорноста на природата, наспроти човечката летаргичност и занемарување.

-Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината. Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на напуштени места, трансфирмирајќи ги во живописни градини и шуми – рече уметницата Елена Димоска Николоска.

Слични Објави