| |

Надлежности, законите, планирањето и другите работи, кои општините и „Регионот“ мораат да ги остваруваат и спроведуваат

Хиерархија на закони – краток вовед

Правната работа на општините нема да ја разбереме, ако прво не направиме мал „прелет“ преку правото, кое ни кажува дека има правни акти со различна сила.

  • Основна подела на правни акти и нивна „сила“
  • Устав – највисок правен акт, кој „ги постројува“ сите други правни акти

Ако некој (човек, институција, НВО…) се сомнева дека некој закон или подзаконски акт не е  усогласен со Уставот, може „да го даде“ (Иницијатива за оценка на уставноста) на Уставен суд, кој проценува дали е или не согласен Уставот. Ако „Уставен“ укине некој закон или член во некој закон, се смета како тој закон никогаш да не бил донесен и се поништуваат сите одлуки донесени врз основа на тој укинат закон, а ситуацијата се враќа во поранешната состојба (restitutio in integrum). На пример, куп урбанистички планови ги има поништено Уставен.

Законите ги носи Собранието, а при гласањето е потребно различно мнозинство гласови – зависно дали се работи за системски (2/3 мнозинство) или обичен закон („апсолутно мнозинство“ – барем 61 глас и „обично мнозинство“ – најмалку 40 гласа и над 50% од присутните), а за некои закони, какви што се за децентрализација, со „Бадинтерово мнозинство“.

Има два вида закони и тоа општи (генерални – lex generalis) и посебни (специјални – lex specialis). Се она што не е регулирано со „посебен закон“, се уредува со неговиот „општ“ закон. Ако нешто и понатаму не е јасно, Собранието „автентично ги толкува законите“ и никој друг нема право да ги толкува законите произволно.

Со „преодните и завршни одредби“ во самиот закон, кажано е од кога законот ќе важи. До тој датум важи стариот (сменетиот закон). Има закони, кои „одложено“ се применуваат, односно ќе се применуваат во иднина, а пак има и закони, коио одма важат кога ќе бидат објавени, но некои членови нема да важат од тој датум, туку ќе важат од друг датум (точно се наведува во законот).

  • Законите – мора да бидат усогласени со уставот

Изменувањето и дополнувањето на законите се врши со иста постапка како за носење на закон. Законите, кои се често менувани треба да имаат „пречистен текст“ на законот – објавен со службен весник. Другите правнички „хокус – покус“ верзии на закони – не важат, па кога се пишуваат одлуки се даваат броевите на сите службени весници каде имало измени. Со закон за ратификација на меѓународен договор се озаконува таков договор и тој не може да се менува со закон. Ваквиот договор е дел од нашиот правен систем, како закон.

  • Подзаконски акти – поврзани со закон

Подзаконскиот акт мора да биде предвиден во самиот закон. Се нарекуваат: уредба, наредба, правилник, упатство… Уредбите за извршување на законот се носи ако самиот закон тоа го предвидува, важат сè додека важи законот, или доколку изречно не е утврдена важноста во самата уредба. Уредби со законска сила се донесува при воена или вонредна состојба.  Наредбите ги носат органите на државната управа, со цел извршување на законите и прописи и претставуваат дообјаснување. Правилниците се подзаконски акти донесени од органите на државната управа и служат за разработка на законите и акти на Собранието и на Владата, па и тие се разработки на закони и прописи (начини, методи, состав на комисии, рокови, изглед на документи и сл), за да се олесни примената на закон. Регистрите се како „список на литература“. На пример „Службен весник на РСМ“, електронски, објавува што објавила оваа година, на која страна е прописот и сл.

  • Акти на надлежни органи (управни установи и општина) – мора да бидат усогласени со законите (а со тоа и со Уставот)

Општините носат „општи акти“ (ги уредуваат односите, правата и обврските за граѓаните и за другите правни лица во рамките на надлежноста на општината. Тие се однесуваат на сите „засегнати“ граѓани (ако немаш имот, нема да важат општинските закони за данок на имот – за тебе)и „поединечни“ акти (акти кои се носат во управна постапка – значи „индивидуално“ за лице или фирма со име и презиме, или кога служат за именување на функција и сл).

  • Сложеност на причините за носење закони: Како што ЗЛС ги „прогласи“ општините, регионалниот развој е испланиран со ЗРРР, како форма наусогласување со регулативата (ЕУ) бр.1301/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 17 декември 2013 година за Европскиот фонд за регионален развој и за посебни одредби за целта на вложувања за подем и работни места, како и за укинување на Одредбата (ЕЗ) бр.1080/2006 CELEX 32013R1301. Тоа кажува дека внатрешните „причини“ за носење или измена на закон се (многу често) предизвикани од меѓународни закони, кои се резултат на трендови.

Слични Објави