(видео) Трибјут концерт за Тоше Проески во Прилеп
Во чест на ликот и делото на незаборавниот Тоше Проески, вечерва (22 октомври) во Националната установа „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 20 часот, ќе се одржи трибјут концерт со најубавите песни на Тоше.
Концертот е на Алекса Петрески, еден од најангажираните прилепски вокали, кој ќе ја пренесе магијата од најголемите хитови на Тоше
Бендот кој ќе настапи со Алекса е составен од:
- Владко Симоновски – гитара
- Коста Стеваноски – бас гитара
- Филип Јездиќ – тапани
- Дејан Трајкоски – клавијатури
- Дарко Аврамоски – перкусии
Вечер исполнета со љубов, музика и сеќавања на еден од најголемите уметници на овие простори.
Влезница: 250 денари
Локација: НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
Влезниците се продаваат на следните локации:
@hivecafee @cornercaffe__ @fitstarprilep @veggie.bar.aura @mikinikoloskiphotographyy @emaplace @coffee_bar_x
Резервации и информации:
077 727 503 / 078 727 545
Не пропуштајте вечер исполнета со емоции, во чест на човекот кој остави траен белег во македонската музика. ❤️



