|

Комуналец со акција за чист град – Ноќно миење на улиците во Прилеп

Известување до жителите на Општина Прилеп!

На 15.02.2026 година(недела), од 22:00 часот, се до 07:00 часот на 16.02.2026 година( понеделник), ЈКП,,Комуналец”-Прилеп, ќе извршува ноќно миење на главните сообраќајници во градов. Се замолуваат жителите кои живеат на главните сообраќајници, или жители кои паркираат во наведениот термин, истите да ги отстранат од тротоарите.

Со оваа активност која редовно ќе ја извршуваме во иднина, придонесуваме кон подигнување на хигиената во нашиот град и создавање чиста и здрава животна средина.

Да придонесеме сите заедно, и одговорно да ја одржуваме чиста нашата општина. Благодариме на разбирањето! ЈКП „Комуналец“ – Прилеп – Стои во соопштението од ЈКП,,Комуналец”-Прилеп

Слични Објави