15-ти Меѓународен боксерски турнир „Битолски Победник“ во сабота во Битола

Во сабота, со почеток во 16 часот, спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде домаќин на 15-тото издание на меѓународниот боксерски турнир „Битолски Победник“.



На турнирот ќе настапат боксерски екипи од Македонија и од земјите на Балканот, меѓу кои и битолските шампиони од клубот „Пелистерски Јунак“, носители на златен и сребрен медал од Отвореното балканско првенство во Босна и Херцеговина.

Со ваквите резултати, младите битолски боксери уште еднаш докажуваат дека градот има голем спортски потенцијал и традиција во боксот.

Паралелно со подготовките за турнирот, во тек е и изградбата на новата боксерска сала во Битола, која ќе обезбеди современи услови за тренинг и натпревари и ќе биде нов дом на идните спортски шампиони.

Слични Објави