(видео) „СААТОТ“ – Првенчето на Лидија Митоска Ѓoрѓиевска, во режија на Кристина Димитрова
Театарот “Војдан Чернодрински” утревечер премиерно ќе ја изведе претставата
“СААТОТ” од Лидија Митоска-Ѓорѓиeвска, во режија на Кристина Димитрова.
По тој повод денеска се одржа прес конференција на која пред новинарите се обратија Марија Попова Јованоска, директор на Центарот за култура, Михајло Миленкоски, раководел на театарот и екипата вклучена во реализацијата на претставата, која говори за судирот меѓу објективното и субјективното време.
СААТОТ
од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Режија: Кристина Димитрова
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценoграфија и костими: Благој Мицевски
Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски
Играат:
СААТОТ – Филип Јездиќ
ЈОВАН – Димитар Ѓорѓиевски
ВЕРА – Наташа Ачански
Вокална појава – Ана Митоска



