(видео) Позитивна приказна од Прилеп – Спасено кученце од напуштена куќа
Во Прилеп денес се случи вистинска мала херојска акција – случајна минувачка спаси кученце кое било заглавено во напуштена куќа. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните победила!
„Случајно поминав, гледам луѓе стојат и бараат начин да го симнат кучето. Јас си знам како се качив, па и како се симнав со моите 100+ килограми, ама душата ми е полна,“ раскажува хероината на денот со насмевка.
Таа вели дека ова не го објавува за пофалби, туку како поттик до сите сограѓани – кога животно е беспомошно, вреди да се помогне.
„И благодарам и на девојката што го снимила моментот. Пред некој да нè осуди, само ќе кажам – скали немаше, се качив по ѕидот, а терасата беше испукана. Можевме и да се срушиме, ама важно мисијата е успешна,“ додава таа.
Големо браво храброста!



