„Помошните простории на МИКОМП изгаснати по брзата интервенција на ТППЕ Прилеп“
Денес избувнал пожар во помошните простории на МИКОМП. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на Противпожарната единица Прилеп, пожарот беше изгаснат, а нема повредени лица.
На интервенцијата учествуваа 7 пожарникари со 3 возила. Пожарот бил пријавен во 10:45 часот, а завршен во 12:33 часот. Според првичните информации, се претпоставува дека се горел бакар во просторијата, но точната причина ќе ја утврдат инспекторите и крим-техничката служба.



