На 42-рата седница, советниците ја прифатија донацијата на МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ
Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 42-рата седница
Денеска советниците на 42-рата седница на Советот на Општина Прилеп ја прифатија:
- донацијата на МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД – Прилеп во материјални добра-тампон, за реализација на тековни градежни проекти на Општина Прилеп,
- гласаа позитивно и за донација во парични средства како поддршка на проект од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување” и одлучија да ги предадат на трајно користење фотоволтаици (односно соларен ПВТ систем) 40 KW и 30 термални колектори, надополнет со терминална пумпа, на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“-Прилеп.
- На трајно користење е одлучено да биде предадена и опрема за прифатилиште на бездомни кучиња (дрвени куќарки за кучиња и друга опрема за прифатилиште на бездомни кучиња) на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп.
Пред советниците се најдоа и тримесечниот извештај за:
- финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп, за период од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година, годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП за ПУП Прилеп, за 2023 година,
- тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, за период од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година, годишната сметка и извештајот за работењето на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, за 2023 година,
- како и годишниот извештај за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’- Прилеп и финансиски извештај за 2023 година на оваа установа.
Советниците на денешната седница:
- ги разгледаа и ги усвоија годишните сметки на основните и средните училишта во Општина Прилеп за 2023 година,
- донесоа одлука за отпис на расипани и неупотребливи компјутерски системи и други електронски уреди на некои од училиштата и
- ги разгледаа предлог-одлуките за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти на барање на физички лица.